ВО ОХРИД ГИ КОРНАТ НОВИТЕ КАНТИ ЗА ЃУБРЕ

    ВО ОХРИД ГИ КОРНАТ НОВИТЕ КАНТИ ЗА ЃУБРЕКорпата кај плоштадот Крушевска Република е насилно откорната од своето лежиште (Фото: СДК.МК)

    Во Охрид, вандали почнаа да ги корнат и новопоставените канти за ѓубре, што ги постави „Охридски комуналец”.

    ЈП „Охридски комуналец” неодамна издвои значителни средства за набавка на нови садови за депонирање ситен отпад со современ дизајн, а истите веќе почнаа да се уништуваат.

    „Оштетена е корпа во близина на плоштадот Крушевска Република, која насилно е откорната од своето лежиште“, вели директорот на „Охридски комуналец“ Љупчо Грдановски.

    Ова не е првпат да се демолира опрема на „Охридски комуналец”. Во строгиот центар на Охрид пред дваесетина дена беа исечени автоматите за влез во јавните тоалети.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира