ВО ОХРИД И ДЕБРЦА ВЕЌЕ НЕМА БОЛНИ ОД КОВИД-19, СИТЕ 15 СЕ ИЗЛЕКУВАНИ

    ВО ОХРИД И ДЕБРЦА ВЕЌЕ НЕМА БОЛНИ ОД КОВИД-19, СИТЕ 15 СЕ ИЗЛЕКУВАНИВо Охрид нема починати од КОВИД-19 (Фото: СДК.МК)

    Од денеска, во општините Охрид и Дебрца веќе нема активни случаи на КОВИД-19. Сите 15 лица кои беа позитивни на коронавирус од почетокот на епидемијата се оздравени, соопшти Центарот за јавно здравје во Охрид.

    „Од почетокот на епидемијата до денеска, лабораториски е дијагностицирано присуство на коронавирус кај 132 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои 15 во Охрид и Дебрца, 67 во Струга и 50 во Дебар и Центар Жупа. Нема починати пациенти во Охрид и Дебрца, во Општина Струга починале 14, а во Дебар и Центар Жупа четири лица. Во општините Охрид и Дебрца од денеска веќе нема позитивни на коронавирус”, велат од Центарот за јавно здравје.

    Од тестираните лица до 8 мај, во Охрид и Дебрца не е дијагностициран ниеден нов случај на коронавирус, исто како и во Дебар и Центар Жупа, додека во Општина Струга имаше еден позитивен случај.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира