Изминатата вечер се обиени автоматите за влез во двата јавни тоалети во Охрид, што се поставени во стариот дел од градот, кај Горна порта, соопштија од ЈП „Охридски комуналец“.
Полицијата е информирана за овај вандалски чин и случајот е пријавен веднаш од страна на јавното претпријатие.
Тоалетите ќе бидат надвор од употреба се` додека не се санира штетата.
Д. ЧУБРИЌ