ВО ОХРИД СЕ СЕЧЕ ДРВОРЕД СТАР СЕДУМ ДЕЦЕНИИ

    ВО ОХРИД СЕ СЕЧЕ ДРВОРЕД СТАР СЕДУМ ДЕЦЕНИИСечењето на дрворедот на оваа собраќајница продолжува. - Од вчерашната сеча (Фото: Фејсбук)

    На главната сообраќајница во Охрид, булеварот Туристичка, комуналците го сечат дрворедот стар седум децении. Овој булевар сега е оголен, а екологистите од „Охрид СОС“ саркастично прашуваат дали градоначалникот Никола Бакрачески мисли дека сите дрва се болни.

    „Општина Охрид и Охридски комуналец продолжуваат со уништување на дрворедот на булевар Туристичка на влезот во Охрид и покрај реакциите на граѓаните. На почеток на летната сезона! Дали во својата предизборна програма Никола Бакрачески – градоначалник на Охрид имаше предвидено олкаво уништување на дрвја од јавните површини?! Која е причината за ваквото дивеење никој од службените лица не кажува. Сите дрвја се стари и болни?! Или гранките паѓаа врз минувачите? Зошто вака подмолно се уништува нешто засадено пред неколку децении“, се вели во реакцијата на Охрид СОС.

    Сечењето на дрворедот на оваа собраќајница продолжува.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира