Наплатна рампа за паркинг ноќеска беше уништена во центарот на Охрид.
Според информациите, во рампата лоцирана кај поштата ноќеска околу 2:30 часот удрил автомобил и целосно ја искршил.
Директорката на ЈП „Билјанини извори“ Гордана Јовановска вели дека рампата ќе биде оспособена до понеделник.
„До тогаш, наплатата ќе ја вршат вработените на паркинзите“, рече Јовановска.
Д. ЧУБРИЌ