Попладнево во Охридското езеро, на градскиот кеј пред хотелот “Палас” се појави голема мрсна дамка.
Станува збор за масло кое е испуштено во езерската вода. Во црната дамка која плива по езерската површина има и мртов стаорец, а дел од граѓаните кои шетаа крај кејот велат дека виделе уште неколку мртви животни во езерото.
Од Општина Охрид не добивме одговор која е причината за појавата на мрсната дамка во езерото, ниту пак на терен беше излезена инспекцијата за животна средина.
Д. ЧУБРИЌ