ВО ОПШТИНАТА РЕСЕН ВЕЌЕ НЕМА ЖИТЕЛИ СО КОРОНАВИРУС, ВЕЛИ ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ

    ВО ОПШТИНАТА РЕСЕН ВЕЌЕ НЕМА ЖИТЕЛИ СО КОРОНАВИРУС, ВЕЛИ ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМСпоред Здравствениот дом, за време на пандемијата во Ресен имаше вкупно заболени 144 лица, од кои четворица починаа, а останатите 140 се излекувани. (Фото: Здравствен дом Ресен)

    На нула е сведен бројот на активни случаи со ковид-19 во Ресен, објави Здравствениот дом од оваа Општина на својата фејсбук страница. Според статистиката на Министерството за здравство, има уште еден активен случај, а според Здравствениот дом веќе нема болен ресенчанец од коронавирус.

    Во Ресен во јули, вирусот се ширеше со брзо темпо, а градот успеа брзо да се опорави од болеста и тоа среде туристичка сезона, кога голем дел од капацитетите за сместување се полни. Според Здравствениот дом, за време на пандемијата во Ресен имаше вкупно заболени 144 лица, од кои четворица починаа, а останатите 140 се излекувани.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира