ВО ПРИЛЕП 1.200 УЧЕНИЦИ ГО ФОРМИРАА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ЗА ПРАЗНИКОТ 11 ОКТОМВРИ

    ВО ПРИЛЕП 1.200 УЧЕНИЦИ ГО ФОРМИРАА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ЗА ПРАЗНИКОТ 11 ОКТОМВРИЗнамето беше со димензии 24 на 12 метри. (Фото: Општина Прилеп)

    По повод празникот 11 Октомври, Ден на востанието на Македонија против фашизмот, 1.200 ученици од основните и средните училишта, облечени во црвена и жолта боја, го формираа македонското знаме на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ во Прилеп. Знамето беше со димензии 24 на 12 метри. Со ова се возобнови една стара и убава традиција во Прилеп, од каде на 11 октомври 1941 заедно со Куманово почна вооружениот отпор против фашистичкиот окупатор.

    „Овој чин нас нè прави горди и говори за љубовта кон татковината и почитта кон нејзините историски вредности, кои се втемелени во сите сегменти од нашиот град и држава, за слобода и демократија на македонскиот народ, како и за создавањето и градењето на почит кон татковината од најмлада возраст, како клучен фактор за развивање на чуството кај младите луѓе да си ја сакаат, почитуваат, штитат и чуваат татковина, и да ги почитуваат сите нејзини национални белези и симболи“, рече градоначалникот Борче Јовчески.

    Годинава се навршуваат 82 години откако во Прилеп и Куманово со нападите на бугарските полициски станици започна борбата за ослободување на Македонија од фашистичкиот окупатор.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира