Програмата за развој УНДП на Обединетите нации и Општина Штип го реализираа проектот за зајакнување на националните и локалните системи за поддршка на ефективната економска и социјална состојба на Ромите.
Во рамките на овој проект, денеска во Штип во зелената област на месноста Мирјанина Црква, каде што главно живеат Роми, беше отворен еко-парк за деца и возрасни, со уредени патеки, клупи и детски и спортски игралишта.
УНДП и претставници на ОУ „Гоце Делчев“ од Штип притоа ги доделија сертификатите за завршено основно образование на 27 Роми, повратници од странство, кои во текот на 2023 и 2024 го заокружиле своето почетно образование.
Директорот на училиштето Зоран Митев рече дека се детектирани нови 33 заинтересирани кандидати кои откако се вратиле од странство, пројавиле интерес да го завршат своето основно образование.
Т. ЈОВАНОВСКИ