ВО ШТИП СЕ ЧЕСТВУВАА ДЕПОРТИРАНИТЕ ЕВРЕИ ВО ТРЕБЛИНКА И ЖРТВИТЕ НА ЕГЗОДУСОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

    ВО ШТИП СЕ ЧЕСТВУВАА ДЕПОРТИРАНИТЕ ЕВРЕИ ВО ТРЕБЛИНКА И ЖРТВИТЕ НА ЕГЗОДУСОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈАЧествувањата се одржаа кај споменикот на депортираните Евреи во центарот на Штип, на Еврејските гробишта и во црквата „Св. Констатин и Елена“ (Фото: СДК.МК)

    Делегации на Еврејската заедница и на Општина Штип денеска им оддадоа почит на депортираните 551 Евреин во логорот Треблинка на 11 март 1943, одбележувајќи го овој настан кај споменикот на депортираните Евреи во центарот на Штип и на Еврејските гробишта.

    Истовремено, во знак на сеќавање на 10 март, големиот егзодус на Македонците од Егејска Македонија, во новата црква „Св. Констатин и Елена“ во населбата Балканска, каде што живеат Македонци кои потекнуваат од Егејска Македонија, се одржа панихида за жртвите и загинатите борци од Демократската армија на Грција (ДАГ).

    „Во Граѓанската војна во Грција во 1946 загинале повеќе илјади Македонци, а илјадници Македонци од Егејска Македонија биле принудени да ги напуштат своите домови и да пребегаат во други земји, најмногу во Македонија“, кажаа од Здружението на Егејците „Мирка Гинова“ од Штип.

    На средбата на која присуствуваа претставници на повеќе здруженија на Македонците од Егејска Македонија беше најавена и најновата книга на штипскиот историчар Александар Донски, која содржи голем број сведошта за езгодусот од Егејска Македонија. Таа ќе биде објавена на македонски, англиски и на грчки јазик.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира