ТЕТОВО ИМ ОДДАДЕ ПОЧИТ НА ЗАГИНАТИТЕ БРАНИТЕЛИ КАЈ СЕЛОТО ВЕЈЦЕ ВО 2001

    ТЕТОВО ИМ ОДДАДЕ ПОЧИТ НА ЗАГИНАТИТЕ БРАНИТЕЛИ КАЈ СЕЛОТО ВЕЈЦЕ ВО 2001Осумтемина припадници на единиците „Волци“ и „Тигри“ од заседа беа нападнати и убиени на 28 април 2001 (Фото: СДК.МК)

    Во соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово се одржа панихида во спомен на 19-годишнината од ѕверското убиство на осумтемина припадници на безбедносните сили на патот кон тетовското село Вејце.

    „Овие херои го дадоа животот за својата татковина Македонија, пролевајќи ја својата млада и невина крв. Овие херои својот живот го дадоа бранејќи ги ближните свои“, истакна отец Александар Станкоски.

    Почит на своите убиени колеги им оддадоа и МВР и специјалните сили.

    „Нема поголема чест за еден човек од тоа да ги одбрани честа и достоинството и да го одбрани својот народ. И јас сум активен учесник и борец во 2001 година и не жалам за ниеден ден кој го поминав таму, но жалам за сите мои другари, браќа и колеги кои го дадоа својот живот. Нам ни останува да имаме вечен спомен на нив и да им помагаме на нивните семејства“, изјави Кирил Бунгуров, советник за полициски и криминалистички работи во кабинетот на министерот за внатрешни работи.

    На 28 април 2001 година, осумтемина припадници на единиците „Волци“ и „Тигри“ од заседа беа нападнати и убиени, а потоа нивните тела беа масакрирани. Притоа животите ги изгубија Марјан Божиновски (27), Кире Костадиновски (24), Бошко Најдовски (25), Илчо Стојановски (24), Роберт Петковски (27), Бобан Трајковски (28), Игор Крстески (26) и Миле Јанески (30).

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира