ВО ВЕЛЕС ДЕВЕТ НОВОЗАРАЗЕНИ СО КОВИД-19, ВЧЕРА ЕДЕН ПОЧИНА

    ВО ВЕЛЕС ДЕВЕТ НОВОЗАРАЗЕНИ СО КОВИД-19, ВЧЕРА ЕДЕН ПОЧИНАЗа три дена во Велес се регистрирани 16 случаи на коронавирус, а повеќето од нив се поврзани со текстилна конфекција; - Инфективното одделение на Велешката болница. (Фото: СДК.МК)

    Во текот на вчерашниот ден во Велешко се регистрирани девет нови случаи на заразени со КОВИД-19. Вчера почина и еден пациент кој бил позитивен, но имал и хронични болести, соопшти Центарот за Јавно здравје Велес.

    Еден од новозаразените е жител на Општина Чашка, со што бројката на лица од населбата кои се позитивни на КОВИД-19 се зголеми на четворица. За три дена во Велес се регистрирани 16 случаи на коронавирус, а повеќето од нив се поврзани со текстилна конфекција.

    На Инфективното одделение од Велешката болница денес се згрижени 20 пациенти, 19 се позитивни со КОВИД -19 а за еден од нив се чекаат резултати. Во Велешко има 53 активни случаи на коронавирус.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира