ВО ВЕЛЕС НЕ СЕ ПОЧИТУВА ВРЕМЕТО ЗА ДОТУР НА СТОКА, ПА СЕ СОЗДАВА НЕРЕД ВО СООБРАЌАЈОТ

    ВО ВЕЛЕС НЕ СЕ ПОЧИТУВА ВРЕМЕТО ЗА ДОТУР НА СТОКА, ПА СЕ СОЗДАВА НЕРЕД ВО СООБРАЌАЈОТДотурот треба да се врши од 23 до шест и од 9:30 до 11:30 часот (Фото: СДК.МК)

    Иако со одлука на Советот е одредено во кој термин се дистрибуира стока до продавниците во Велес, граѓаните се сведоци дека тоа ретко се почитува. За ваквата состојба реагираше советникот Ќирил Гајдов.

    „Со непочитување на оваа одлука доаѓа до хаос во сообраќајот во текот на целиот ден. Дотур се врши во работно време, иако е одредено кога, во колку часот е дозволено тоа. Кога сакаат, тогаш растовараат. Потребно е да се изврши контрола колку оваа одлука се почитува“, рече Гајдов.

    Дотурот на стока во централното градско подрачје треба да се врши од 23 до шест часот и од 9:30 до 11:30 часот. Возилата кои доставуваат стока можат да запираат и паркираат, но не подолго од 15 минути.

    „Дистрибутерите сакаат да ги остават возилата до влезот на продавницата за да го извршат дотурот. Возилото може и подалеку да се паркира, а дотурот да се врши со количка. Овие решенија се правени согласно сообраќајни решенија и такви се низ цела Македонија, не само во Велес“, рече Веса Смилева од Одделението за комунални работи.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира