ВО ВЕЛЕС СЕ РАСЧИСТУВААТ ДИВИ ДЕПОНИИ И СЕ ДЕЗИНФИЦИРААТ ЈАВНИ ПОВРШИНИ

    ВО ВЕЛЕС СЕ РАСЧИСТУВААТ ДИВИ ДЕПОНИИ И СЕ ДЕЗИНФИЦИРААТ ЈАВНИ ПОВРШИНИЈКП „Дервен“ интензивно работи на повеќе локации во градот (Фото: СДК.МК)

    Локалната власт спроведува вонредно чистење на повеќе диви депонии во Велес и дезинфекција на јавните површини како превентива од коронавирусот. Досега се исчистени неколку диви депонии, а активноста продолжува и наредните денови. Истите простори потоа се дезинфицираат.

    „ЈКП ‘Дервен‘ интензивно и континуирано работи на чистење на дивите депонии и на локации со отпад од непознато потекло. Истовремено се врши дезинфекција на јавните површини, а овие активности ќе се одвиваат сè додека постои опасност од заразување со коронавирусот“, изјавија од Општина Велес.

    Во изминатиот период исчистени се дивата депонија околу поранешниот хотел „Вила Зора” и подрачјето на брегот на Вардар. Овие денови се расчистуваат дивите депонии кај Железен мост. Пред некој ден, вработените во ЈКП „Дервен“ извршија дезинфекција на површините и тезгите на двата градски пазара.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира