ВО ВЕЛЕС СОБРАНИ 5 ТОНИ ЕЛЕКТРОНСКИ ОТПАД

    ВО ВЕЛЕС СОБРАНИ 5 ТОНИ ЕЛЕКТРОНСКИ ОТПАДВо акцијата најмногу беа собрани тонери и тоа 216, потоа 97 телевизори, 65 кабли и жици, 50 хард дискови, 45 мобилни телефони.(Фото: СДК.МК)

    5,8 тони електронски отпад беше собран во акцијата на Општина Велес и ЈКП „Дервен“. Тоа е двојно повеќе од лани кога беа собрани 2,9 тони електричен отпад.

    Акцијата се одржува петти пат во ред, во која граѓаните на означените пунктови бесплатно го одлагаат електронскиот и електричниот отпад од домовите. Најмногу беа собрани тонери и тоа 216, потоа 97 телевизори, 65 кабли и жици, 50 хард дискови, 45 мобилни телефони.

    Отпадот е предаден на овластениот колективен постапувач „Нула отпад“.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира