ВОДАТА ВО ДОЈРАНСКОТО ЕЗЕРО Е ЧИСТА ЗА КАПЕЊЕ

    ВОДАТА ВО ДОЈРАНСКОТО ЕЗЕРО Е ЧИСТА ЗА КАПЕЊЕЛани и покрај забраната поради фекални бактерии во водата, туристите се капеа во Дојранското Езеро (Фото: СДК.МК)

    Годинава водите на Дојранското Езеро се препорачливи за капење и рекреација, соопшти од Институтот за јавно здравје Велес. Дојранско езеро годинава бактериолошки спаѓа во втора категорија, а по матност во трета категорија. Таму алгите поради жешкото време порано процветуваат и е матно, но тоа не пречи на квалитетот езерото, да се користи за капење, велат од Институтот.

    Институтот за јавно здравје Велес, лани во јуни утврди дека водата во Дојран е загадена со бактерии од фекално потекло, порад што беше воведеан забрана за капење на 4 плажи.

    Лани на 2о јули стапи на сила новиот правилник за управување со водите за капење. Со новиот правилник, за водите кои со дотогашната категоризација припаѓаа на трета категорија и не беа безбедни за човекот, почна да се смета дека се во одлична состојба и ќе биде дозволено капење во нив. Претходната уредба за категоризација на водите во пет категории, од кои првата е вода за пиење, втора вода за капење, а третата веќе не е безбедна ниту за капење и пиење туку само за наводнување, веќе не важи. Водите за пиење и капење се третираат со посебни одделни правилници, а останатите категории води со нова уредба.

    Со одредбите од правилникот анализа на водите за капење дали се во добра состојба, или не треба да се прават од 15 мај до 15 септември, а според член 31 од правилникот известување дека водата е забранета за капење на плажите треба да се истакне најдоцна до први јуни во тековната година.

    Лани кога стапи на сила новиот правилник, д-р Михаил Кочубовски од Институтот за јавно здравје изјави дека тој е усогласен со европските директиви и дека со него се менуваат граничните вредности за количеството бактерии ентерококи и ешерихија коли, кои се од фекално потекло. Тој тогаш објасни дека разликата меѓу досега важечките вредности за количество бактерии во една вода и новите, практично значи дека води што досега биле трета категорија, сега се во одлична состојба и се безбедни за капење.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира