ВОЈНА СО ПЕТИЦИЈА И КОНТРАПЕТИЦИЈА ПРОТИВ ТЕЗГИТЕ НА КОЈНИК ВО ВЕЛЕС

    ВОЈНА СО ПЕТИЦИЈА И КОНТРАПЕТИЦИЈА ПРОТИВ ТЕЗГИТЕ НА КОЈНИК ВО ВЕЛЕССо петиција се бараше тезгите да се отстранат од плоштадот Којник, а потоа со контрапетиција се бара да се вратат (Фото: СДК.МК)

    Откако на крајот на минатата година беа отстранети тезгите на плоштадот Којник во Велес, има реакција од група граѓани за да се вратат. Претходно, тезгите беа отстранети по петиција поднесена од група којничани, кои бараа тие да не бидат таму.

    Деновиве локалната власт добила контра петиција, со која друга група граѓани бараат тезгите да се вратат. Така три тезги, колку што беа таму поставени, ги скараа жителите на велешкото најопеано маало Којник.

    „Ова е специфичен проблем. Бројот на потписи е поголем на тие што бараат да се вратат, отколку тие што бараа да се отстранат. Проблемот го анализираме со СВР, бидејќи има законски пречки да се дозволи продажба на тезги на Којник. Тоа е јавен простор, коловоз, а таму не може да се поставуваат тезги. Тие што имаа тезги можат да продолжат да работат во околните куќи, нека изнајмат просторија, како пилјари, тоа е најдобро решение за сите“, изјави градоначалникот на Велес Аце Коцевски.

    Од јавното комунално претпријатие „Дервен“ претходно сооптштија дека сопствениците на тезгите на Којник не плаќале никаква давачка од 2012, шест години работеле, а не плаќале надомест.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира