ВОЛОНТЕРИ ОД ЦЕЛ СВЕТ ПРЕКУ „ХАБИТАТ МАКЕДОНИЈА“ ГРАДАТ ЕНЕРГЕТСКО ЕФИКАСНИ СТАНОВИ ЗА СЕМЕЈСТВА СО НИСКИ ПРИХОДИ ВО ВЕЛЕС

    ВОЛОНТЕРИ ОД ЦЕЛ СВЕТ ПРЕКУ „ХАБИТАТ МАКЕДОНИЈА“ ГРАДАТ ЕНЕРГЕТСКО ЕФИКАСНИ СТАНОВИ ЗА СЕМЕЈСТВА СО НИСКИ ПРИХОДИ ВО ВЕЛЕСДосега се изградени пет згради и сите станови во нив се продадени. (Фото: СДК.МК)

    „Хабитат Македонија“ во Велес гради енергетско ефикасни згради за семејства со ниски приходи. Досега се изградени пет згради и сите станови во нив се веќе продадени. Во тек е изградба на шестата зграда со 12 стана, а останува простор за уште пет, кои ќе се градат согласно интересот.

    „Волонтери од цел свет доаѓаа тука во Велес да помагаат во изградба на овие пет завршени згради. Тие земаа одмор, си плаќаа сместување и храна за да учествуваат во изградбата за домовите. Некои од нив тука и се венчаа. За нас во ‘Хабитат‘ е многу важна и енергетската ефикасност. Освен заштитата на животна средина, тоа влијае и на домашниот буџет поради помалата потрошувачка на струја. Во зградите вградуваме термо-изолациони панели за станаритее да немаат високи сметки ако поскапе струјата“, кажа Зоран Костов директор на „Хабитат Македонија“.

    Потпретседателот на Хабитат за Европа, Африка и Среден Исток, Рик Хатавеј рече дека во Велес наишле на голем интерес и иницијатива од локалните жители и граѓанските здруженија спремни да помогнат.

    „Затоа тука започнавме со изградба на домови за лица со ниски приходи. Тоа е еден од 13-те проекти кои ‘Хабитат Македонија‘ ги работи во земјата“ рече Хатавеј.

    Освен овие згради, „Хабитат Македонија“ и нејзини партнери пролетва помогнаа со донација на керамиди за обезбедување на покрив на две основни училишта во Башино село и во Црквино.

    П. ПЕЧКОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира