ВОЛОНТЕРИ ПОЖАРНИКАРИ ОД НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК ШАР ПЛАНИНА СЕ ОБУЧУВААТ ЗА ГАСНЕЊЕ ПОЖАРИ НА ОТВОРЕН ПРОСТОР

    ВОЛОНТЕРИ ПОЖАРНИКАРИ ОД НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК ШАР ПЛАНИНА СЕ ОБУЧУВААТ ЗА ГАСНЕЊЕ ПОЖАРИ НА ОТВОРЕН ПРОСТОРСо обуката се опфатени 30 волонтери од граѓанското здружение за заштита од пожари „Доброволно пожарникарство“ во кое членуваат волонтери од седум општини на кои се протега Националниот парк Шар Планина. (Фото: СДК.МК)

    Триесет пожарникари волонтери два дена се на обука на Попова Шапка каде се стекнуваат со вештини како да се справат со пожари на отворен простор. Обуката ја организира јавната установа Национален парк Шар Планина со поддршка на Дирекцијата за спасување и Противпожарната единица од Тетово.

    Со обуката се опфатени 30 волонтери од граѓанското здружение за заштита од пожари „Доброволно пожарникарство“ во кое членуваат волонтери од седум општини на кои се протега Националниот парк Шар Планина.

    „Доброволците кои учествуваат на обуката се запознаа со системот за заштита и спасување од пожари, употребата на ПП апарати и хидрантска мрежа, пружање прва помош, мерки за заштита и спасување, евакуација и згрижување на загрозено население, користење на лична и колективна заштитна опрема. Исто така учесниците се запознаа и со тактиката и техниката на гаснење пожари на отворен простор, како и со практична употреба на опремата“, информираа од Министерството за животна средина.

    Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути за потребите на Националниот парк „Шар Планина“ предаде 10 пара заштитни комбинезони за интервенција на при пожари.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира