ВООРУЖЕН ГРАБЕЖ НА ПОШТАТА КАЈ ГРАДСКИ ПАЗАР ВО ВЕЛЕС

    ВООРУЖЕН ГРАБЕЖ НА ПОШТАТА КАЈ ГРАДСКИ ПАЗАР ВО ВЕЛЕСОд СВР Велес го потврдија грабежот, се врши увид на местото на грабежот. - Поштата во Велес (Фото: Гугл Стрит Вју)

    Денес околу 13 часот извршено е разбојништво над експозитурата на Македонска пошта во Велес, близу Градскиот пазар.

    Според очевидци, еден разбојник, маскиран со качулка, вооружен со пиштол, влегол во просторијата и под закана по животот на вработените, ги одзел парите и побегнал.

    Од СВР Велес го потврдија грабежот, се врши увид на местото на грабежот, а повеќе детали најавија за утре.

    П. ПЕЧКОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари