СТАРИТЕ ПАТАРИНИ КАЈ ГРАДСКО СЕ ГОЛЕМА ОПАСНОСТ, РЕАГИРААТ ВОЗАЧИТЕ ПО ДВЕТЕ СООБРАЌАЈНИ НЕСРЕЌИ

    СТАРИТЕ ПАТАРИНИ КАЈ ГРАДСКО СЕ ГОЛЕМА ОПАСНОСТ, РЕАГИРААТ ВОЗАЧИТЕ ПО ДВЕТЕ СООБРАЌАЈНИ НЕСРЕЌИВозачот на камионот поминал без повреди во петочната страотна сообраќајка (Фото: Фејсбук)

    Петочната сообраќајна несреќа на напуштената наплатна рампа кај Градско е втора за дваесетина дена, информираа од СВР Велес. Ова доаѓа по реакциите на јавноста дека по отстранувањето на наплатните куќарки, сообраќајките се чести на автопатската делница Велес-Неготино и обратно.

    „Во текот на мај, кај наплатната станица „Градско“ се регистрирани две сообраќајни незгоди“, велат од СВР Велес.

    Во петочната страотна сообраќајка, која се случи околу 22.15 часот, влекач „сканија“ со велешки регистарски ознаки удрил во бетонски ѕид од наплатната станица и се превртел на коловозот. Возачот Б. Ј. (59) од Богданци со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата во Велес. Од ЈЗУ Општа болница велат дека кај пациентот не биле констатирани повреди и тој бил пуштен на домашно лекување. И во двата случаи нема повредени, но има сериозна материјална штета на возилата. Возачите реагираат дека нема никавка сигнализација и во темнина постои опасност да дојде до незгоди.

    „Нема сообраќајна сигнализција, нема никакво известување дека овие бетонски блокови постојат. Не е безбедно, треба да се отстранат, а до тогаш да се означи. Посебно е опасно во вечерните и ноќни часови“, велат возачите.

    Од ЈП за државни патишта информираа дека изведувачот на работите им најавил дека до крајот на оваа седмица бетонските платформи од старата наплатна рампа кај Градско ќе бидат отстранети.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира