ВРНЕЖИТЕ ПРЕДИЗВИКАА СВЛЕЧИШТЕ ДО АСФАЛТНИОТ ПАТ НА ПЕЛИСТЕР, КОЈ НЕ Е ЦЕЛОСНО ПРЕАСФАЛТИРАН ОД СОЦИЈАЛИЗМОТ

    ВРНЕЖИТЕ ПРЕДИЗВИКАА СВЛЕЧИШТЕ ДО АСФАЛТНИОТ ПАТ НА ПЕЛИСТЕР, КОЈ НЕ Е ЦЕЛОСНО ПРЕАСФАЛТИРАН ОД СОЦИЈАЛИЗМОТЈавното претпријатие „Нискоградба“ во координација со „Македонија пат“ и Јавната установа Национален парк „Пелистер“ го санираа одронот. (Фото: СДК.МК)

    Обилните врнежи дожд во Битолско предизвикаа свлечиште веднаш до асфалтниот пат на Пелистер, на дваесетина метри пред кривината кај Детското одморалиште. Вчера се изрони земјата веднаш до коловозот.

    Јавното претпријатие „Нискоградба“ во координација со „Македонија пат“ и Јавната установа Национален парк „Пелистер“ го санираа одронот. Брзата интервенција спречи понатамошно оштетување на патот.

    Асфалтниот пат што минува низ Националниот парк „Пелистер“, останат уште од социјализмот, не бил никогаш целосно преасфалтиран. Досега не се вложило во негова целосна реконструкција, иако честопати се јавуваат дупки, а на одредени места е тесен и возилата тешко се разминуваат, особено ако во сообраќајот се вклучени автобуси.

    Сериозен одрон на патот имаше и во 2010, кога се чекаа цели 4 години да биде саниран.

    Пелистер беше првиот национален парк прогласен уште во поранешна Југославија. Годишно го посетуваат над 23. 000 туристи.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира