ЗА 17 ГОДИНИ ШТИПСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ СКЛУЧИЛ НАД 400 ДОГОВОРИ СО ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТИ ЗА ПРОЕКТИ НА ВРАБОТЕНИТЕ И СТУДЕНТИТЕ, РЕЧЕ РЕКТОРОТ МИРАКОВСКИ

    ЗА 17 ГОДИНИ ШТИПСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ СКЛУЧИЛ НАД 400 ДОГОВОРИ СО ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТИ ЗА ПРОЕКТИ НА ВРАБОТЕНИТЕ И СТУДЕНТИТЕ, РЕЧЕ РЕКТОРОТ МИРАКОВСКИРекторот на УГД Штип, Дејан Мираковски рече дека основна цел им е да создаваат подобри услови за студирање и за научн-истражувачка работа и на вработените, а пред сѐ на студентите.( Фото: СДК.МК )

    На Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип студираат над 7.000 студенти, но во изминатите 17 години од постоењето оваа високoобразовна институција, една од највисоко рангираните во Македонија и пошироко, досега се образуваа над 17.000 високо квалитетни стручни кадри кои нашле примена во реалниот научен и стопански сектор .

    Ректорот на Универзитетот, Дејан Мираковски на денешното одбележување на јубилејот од постоењето, рече дека Штипскиот универзитет има основна цел да ги подобрува условите за студирање и образование на студентите и условите за работа на вработените и за нивната заедничка научна истражувачка работа во Македонија и во странство.

    „Во моментов имаме над 400 договори за поврзување со Европски универзитетеки алијанси за заедничка научно-истражувачка работа на нашите вработени и секако на нашите студенти на кои им ја отвораме вратата на таа широка мрежа за нивно дообразување на полето на научното истражување и нивно вработување“, вели Мираковски.

    Во контекст на овие заложби, Штипскиот универзитет на најдобрите студенти од сите 13 факултети и академии како и секоја година, така и годинава им обезбедува стипендии.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира