ЗА 20 ДЕНАРИ ПОСКАПЕ АВТОБУСКИОТ ПРЕВОЗ КУМАНОВО-СКОПЈЕ

    ЗА 20 ДЕНАРИ ПОСКАПЕ АВТОБУСКИОТ ПРЕВОЗ КУМАНОВО-СКОПЈЕПревозниците велат дека ќе ги вратат старите цени ако државата одлучи да го субвенционира превозот. (Фото: СДК.МК)

    Од денеска за 20 денари поскапе автобускиот превоз на релацијата Куманово – Скопје. Наместо 150 денари колку што чинеше досега билетот во еден правец, сега чини 170 денари, односно 340 за повратна карта.

    Патниците се жалат дека поскапувањето е голем удар за семејниот буџет, бидејќи превозот го користат студенти и главно работници во Скопје, кои за да стигнат на работа сега мора да дадат пола плата.

    „Со автобус патуваат оние коишто се со пониски примања, другите одат со кола. Поради економската криза и недостатокот на енергенси се стимулира градски превоз во целиот свет за да се намали користењето на автомобили, кај нас тој поскапува. Во Германија градскиот превоз за цел месец е 9 евра, а кај нас таа цена за ден и половина“, вели кумановец кој ни го прати билетот што го платил утринава.

    Дел од кумановските превозници кои ги контактиравне велат дека тие не знаеле за поскапувањето, бидејќи никој не ги известил и денеска возеле по стара цена, но најавуваат дека и тие ќе направат корекција на цената.

    „Поскапеа нафтените деривати и ние немаме друг избор, ако продолжи вака ќе отиде цената и на 200 денари. Знаеме дека е скапо ама немаме економска исплатливот, литар нафта е 100 денари. Доколку државата одлучи да го субвенционира превозот ние ќе ги вратиме старите цени“, велат превозниците, кои додаваат дека месечната карта сè уште чини 4.200 денари и важи за 30 дена во месецот.

    Автобуската карта од Куманово за Скопје се зголеми пред 5 месеци од 120 на 150 денари.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира