ЗА 3 ДЕНА 41 ВРАБОТЕН ОД „КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ“ СО СИМПТОМИ НА ТРУЕЊЕ СО ХРАНА, МЕНЗИТЕ СЕ ЗАТВОРЕНИ, ПОТВРДИЈА ОД ДСЗИ

    ЗА 3 ДЕНА 41 ВРАБОТЕН ОД „КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ“ СО СИМПТОМИ НА ТРУЕЊЕ СО ХРАНА, МЕНЗИТЕ СЕ ЗАТВОРЕНИ, ПОТВРДИЈА ОД ДСЗИДосега нема хоспитализации, само дел од вработените добиле лекарска помош во дневна болница. - Фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола (Фото: СДК.МК)

    Вкупно 41 вработено лице од фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола, од четвртокот до денес добиле симптоми на труење со храна. Од првата менза, од четвртокот до денес, 30 лица, поради што пред три дена била затворена, а денес уште 11 вработени со симптоми на труење од храна кои јаделе во втората менза која исто така е затворена, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК Иринка Сотирова- Бухова, директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

    „Во четвртокот ја добивме правта дојава дека вработени во фабриката ‘Кромберг и Шуберт“ имаат симптоми на труење од храна. Тогаш излегоа на терен инспектори заедно со надлежни од Центарот за јавно здравје-Битола и притоа ја затворија едната од двете мензи. Од таму 30 луѓе кои конзумирале храна побарале помош со симптоми за труење од храна“, рече Сотирова Бухова.

    Во текот на денешниот ден добиле известување од Центар за јавно здравје од Битола дека има 11 вработени од истата фабрика со симптоми на труење кои конзумирале храна во втората менза.

    „И таа менза е затворена. Не би знаеле колку лица ќе бидат оти на дневна основа околу 5000 оброци се делат во фабриката од двете мензи. Земени се мостри од храна, од работни површини брисеви од раце, нос и грло од вработените за да се види дали е бактерија во храната, на работните површини или носител од вработените. Во понеделник треба да бидат готови првичните резултати од мострите и брисевите од првата менза“, вели Сотирова Бухова.

    Досега нема хоспитализации, само дел од вработените добиле лекарска помош во дневна болница.

    Вработените од двете мензи јаделе иста сала, но сепак се испитува дали станува збор за труење со храна.

    „Кромберг и Шуберт“ е една од најголемите фабрики во Битола и еден од најголемите работодавачи во регионот каде работат неколку илјади лица од Битола, Прилеп, Ресен и други општини.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира