ЗА ДА МУ СЕ ПОКЛОНАТ НА РАЦИН, ПЕТМИНА УЛТРАМАРАТОНЦИ ЗА ЧЕТИРИ ДЕНА ИСТРЧАА 160 КМ ОД ВЕЛЕС ДО ЛОПУШНИК

    ЗА ДА МУ СЕ ПОКЛОНАТ НА РАЦИН, ПЕТМИНА УЛТРАМАРАТОНЦИ ЗА ЧЕТИРИ ДЕНА ИСТРЧАА 160 КМ ОД ВЕЛЕС ДО ЛОПУШНИКВелешаните Зоран Димов, Трајче Михов, Верољуб Додевски, кумановецот Љубиша Андреиќ и скопјанецот Томе Спасовски стигнаа на Лопушник на 13 јуни, денот на погибијата на Рацин. (Фото: СДК.МК)

    Петмина ултрамаратонци истрчаа 160 км од Велес до Лопушник  за четири дена, за да му оддадат почит на револуционерот и поетот Коста Солев Рацин. Тие вчера, 13 јуни, денот на погибјето на Рацин, пристигнаа на Лопушник, на местото каде е смртно застрелан. Велешаните Зоран Димов, Трајче Михов, Верољуб Додевски, кумановецот Љубиша Андреиќ и скопјанецот Томе Спасовски, тргнаа во понеделникот наутро.

    „Секој на свој начин може да оддаде почит на безвременскиот Рацин. Ние го сторивме тоа со овој ултрамаратон. Беше исклучително тешко, посебно првиот ден кога трчавме до Богомила. Имаше висока точка која требаше да ја искачиме со трчање, на овие пеколни температури. Времето не беше на наша страна, но издржавме“, рече Трајче Михов.

    Втората вечер преноќиле во Македонски Брод, третата во манастирот „Св. Богородица Пречиста“ во Кичевско, познат уште како Крнински манастир. За овие четири дена тие трчале по сонце и високи температури, запурнина, но сепак ги минале сите препреки и стигнале на Лопушник.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира