ЗА ДВА ДЕНА ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА ПОЧИНАА ШЕСТМИНА ПАЦИЕНТИ ОД ПОСЛЕДИЦИ НА КОВИД-19

    ЗА ДВА ДЕНА ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА ПОЧИНАА ШЕСТМИНА ПАЦИЕНТИ ОД ПОСЛЕДИЦИ НА КОВИД-19На Инфективното одделение во Велешката болница, кое има 42 кревети, згрижени се 19 пациенти. (Фото: СДК.МК)

    Шестмина пациенти починаа за две дена во Велешката болница, по три вчера и денес, сите како последица од ковид-19 заразата. Петмина се од Велес, а еден е од Свети Николе.

    „Починатите се на возраст од 69 до 89 годишна возраст, згрижени во Инфективното одделение и во Модуларната Болница. Сите шестмина имале коморбидитети“, соопштија од Болницата во Велес.

    Со ова бројот на починати лица во велешко, како последица на коронавирусот достигна 243 лица.

    Во трите ковид одделенија од Болницата има хоспитализирано 50 пациенти, 41 од нив е позитивен, и по петмина се непотврдени или негативни, но со здравствени проблеми, па имаат потреба од здравствена заштита. На кислородна поддршка се 17 пациенти.

    Бројот на активни случаи со ковид-19 во велешко е 368. На Инфективното одделение кое има 42 кревети згрижени се 19 пациенти, на Интерното одделение каде се сместени сомнителните случаи има 10 и во Модуларната Болница има 21 пациент а таа има капацитет од 54 легла.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира