ЗА ДВА МЕСЕЦА СЕ ЗАПАЛИЈА ДВЕ КАНЦЕЛАРИИ НА КУМАНОВСКАТА ПОЛИЦИЈА

    ЗА ДВА МЕСЕЦА СЕ ЗАПАЛИЈА ДВЕ КАНЦЕЛАРИИ НА КУМАНОВСКАТА ПОЛИЦИЈАВработените велат дека пожарите се појавуваат поради преоптовареност на старата електрична мрежа. - Објектот на СВР Куманово (Фото: СДК.МК)

    Пожарот избувнал околу 7 часот, а го забележал еден од вработените кој порано дошол на работа. Со присебност на вработените и противпожарната единица пожарот бил изгаснат во 7.45 часот и не се проширил на останатите канцеларии во објектот.

    Според информации од СВР Куманово, материјалната штета допрва ќе се утврдува, но огнот ги оштетил компјутерите, а изгорела и дел од документацијата. Причина за пожарот е најверојатно застарена електрична инсталација.

    И од ТППЕ Куманово соопштуваат дека имале една интервенција во СВР Куманово на запалена канцеларија во периодот од 07.08-07.45 часот, со едно возило-цистерна и 5 пожарникараи.

    Пред повеќе од еден месец во Кумановската полиција гореше канцеларијата на одделот за аналитика, и тогаш причина беше старата електрична инсталација, а беше предизвикана само материјална штета.

    Вработените велат дека пожарите се појавуваат поради преоптовареност на старата електрична мрежа поради тоа што во објектите нема централно греење, туку сите се греат на термо печки. Се плашат дека еден ден да изгори и целата зграда.

    Службите на СВР Куманово се сместени во две стари зграда, за кои сите министри најавуваа дека ќе ги реновираат, но речиси ништо не е направено со години.

    Пред еден месец од еден од објектите се пресели одделението за управни работи, каде се издаваа лични документи, во реновираната зграда на поранешен АРМ. Тогаш министерот Оливер Спасовки вети дека во текот на годината ќе подобрат условите за работа и старите згради на СВР Куманово.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира