ЗА КУРБАН БАЈРАМ „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ЌЕ ПОСТАВИ ПОСЕБНИ КОНТЕЈНЕРИ ЗА ДА НЕ ФРЛААТ ОСТАТОЦИТЕ ОД ЖИВОТНИТЕ НА УЛИЦА

    ЗА КУРБАН БАЈРАМ „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ЌЕ ПОСТАВИ ПОСЕБНИ КОНТЕЈНЕРИ ЗА ДА НЕ ФРЛААТ ОСТАТОЦИТЕ ОД ЖИВОТНИТЕ НА УЛИЦАКонтејнери ќе се постават на 17 локации во општините Чаир, Бутел, Гази Баба, Шуто Оризари и Сарај.-Директорот на „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани и скопскиот муфтија Кенан Исмаили. (Фото: Фејсбук)

    JП „Комунална хигиена“ во скопските општини каде што масовно се празнува верскиот празник Курбан Бајрам, ќе постави посебни контејнери за фрлање на органскиот отпад. Секоја година за празникот граѓаните остатоци од животните кои ги колат ги фрлаат на улици, покрај обичните контејнери, во реката Вардар и слично.

    „Во овој период кога сите заедно се бориме со пандемијата на вирусот ковид-19, неконтролираното одлагање органски отпад може да доведе до низа штетни последици врз нашата животна околина и здравјето на граѓаните. Минатата година поставивме специјални садови каде што верниците го исфрлаа својот органски отпад за време на празнувањето на празникот Курбан Бајрам и бевме многу задоволни од резултатите на оваа акција, што придонесе значително да се намали одлагањето органски отпад на јавни површини“ вели директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани.

    Контејнери ќе се постават на 17 локации во општините Чаир, Бутел, Гази Баба, Шуто Оризари и Сарај.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари