ЗА ПРВПАТ ПО 23 ГОДИНИ НЕ СЕ ОДРЖА ДЕНОТ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО, ОПШТИНА СТРУГА БЕЗ ОБРАЗЛОЖЕНИЕ ГО ОТКАЖА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО ОТИ МЕРКО БИЛ ЗАФАТЕН

    ЗА ПРВПАТ ПО 23 ГОДИНИ НЕ СЕ ОДРЖА ДЕНОТ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО, ОПШТИНА СТРУГА БЕЗ ОБРАЗЛОЖЕНИЕ ГО ОТКАЖА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО ОТИ МЕРКО БИЛ ЗАФАТЕНОва е првпат да не се одржи манифестацијата која има цел да ја подигне свеста за потребата од заштита на Охридското Езеро. (Фото: СДК.МК)

    Општина Струга го откажа свеченото одбележување на Денот на Охридското Езеро, настан кој 23 години во континуитет се одржува наизменично во Охрид, Струга и Поградец.

    Од кабинетот на градоначалникот Рамис Мерко велат чевствувањето на денот на Охридското Езеро е откажано, бидејќи тој имал неодложни обврски, а дополнително ќе се произнесат за одлуката на САД со која тој се најде на црната листа како неподобен за влез во САД поради неговата вклученост во значајна корупција. Обвинувањата се дека Мерко, како градоначалник на Струга, злоупотребувал општински средства и се мешал во судски и други јавни процеси, наштетувајќи ѝ на довербата на македонската јавност во демократските институции и функционери.

    Судскиот совет ќе ги проверува наводите на Стејт департментот за што ќе биде формирана посебна комисија, која ќе врши контрола во судот.

    Трите езерски општини Охрид, Струга и Поградец во 2000 година потпишаа декларација за заштита на Езерото и на 21 јуни со различни активности, најизменично секоја година го одбележуваат Денот на Охридското Езеро. Ова е првпат да не се одржи манифестацијата која има цел да ја подигне свеста за потребата од заштита на Охридското Езеро.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира