Лидерот на СДСМ Зоран Заев, синоќа од митинг во Куманово, на досегашниот градоначалник Зоран Дамјановски- Циц, му понуди да биде дел од извршната власт. Заев го пофали Дамјановски дека бил предводник во битката против предходната власт и заедно со неговите соработници ги издржал сите закани, инспекции, пријави, тортури и омаловажувања.
„Другар мој успеавме, го соборивме режимот. Ја вративме слободата. Блесна Македонија слободарски. Ти благодарам на тебе и на твоето Куманово. Господ здравје да ти даде. Ѝтребаш на Македонија, вратите се отворени и во Куманово и во централната власт за луѓе со капацитет како твојот, за мојот тим, за цело Куманово“, рече Заев, што наиде на голем аплауз и овации кај присутните членови и сипматизери на централниот мититнг на кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски.
И Дамјановски беше кандидат за градоначалник за четврт мандат, но не ја доби подршката на централата и лидерот. Тој му се налути на Заев, поради што досега ја бојкотираше кампањата на Димитриевски, а вечерва за прват се појави на јавен собир.
Во Куманово за градоначалничкото место се борат двајца пратеници: Максим Димитриевски од СДСМ и Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Максимовски беше еден од претепаните пратеници во Собранието на 27 мај, а предходно беше претседател на Советот на општина Куманово.
(С.Н)