ЗАГАДЕНА Е МИНЕРАЛНАТА ВОДА ВО СЕЛОТО ПРОЕВЦЕ

    ЗАГАДЕНА Е МИНЕРАЛНАТА ВОДА ВО СЕЛОТО ПРОЕВЦЕЧешмите со минерална вода се наоѓаат покрај Кумановска Бања и кумановци редовно полнат за пиење дома (Фото: СДК.МК)

     

    Небезбедна за пиење е природната минерална вода на изворите во селото Проевце покрај Куманово, покажуваат анализите на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) од Скопје. Според резултатите, минералната вода не е бактериолошки ниту физичко-хемиски исправна бидејќи содржи зголемено присуство на фекални бактерии, олово и арсен. Чешмите со минерална вода се наоѓаат покрај Кумановска Бања и кумановци редовно полнат за пиење дома.

    „Испитаниот примерок на водата не е безбеден за консумирање од страна на човекот. Сировата нехлорирана вода не одговара поради зголемен вкупен број на бактерии псевдомонас аерогиноза на 22 степани Целзиусови и 37 степени Целзиусови, како и наод на ентеробактерија – индикатор на фекално загадување на природната минерална вода. Во однос на физичко-хемиските анализи, примерокот е неисправен поради зголемена електорлитска спроводливост, зголемена содржина на олово и значително зголемена содржина на арсен“, стои во извештајот на ЦЈЗ.

    Водата е исправна во однос на присуство на пестициди, радиолошки материи и паразити.
    Во извештајот стои препорака дека е потребно да се врши деарсенификација и редовна дезинфекција на природната минерална вода со ултравиолетова лампа за да може да се користи за пиење.

    И порано резултатите покажувале дека водата во дел од чешмите била загадена, но граѓаните никогаш не се откажаа од старата навика и тврдеа дека се работи за лажни информации за престанат да полнат минерална вода од чешмите туку да ја купуваат од продавниците.

    По затварање на фабриката за производство на минерална вода „Кумановка“, чешмите никој не ги одржува, а поради лековите својства на водата граѓаните покрај што полнат, се бањаат и во самите корита и ја загадуваат водата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира