ЗАГАДЕНАТА ВОДА ОД ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ НЕ СЕ КОРИСТИ ЗА ПОЛЕВАЊЕ, ВЕЛАТ ОД ВОДОСТОПАНСТВО „ЛИСИЧЕ“

    ЗАГАДЕНАТА ВОДА ОД ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ НЕ СЕ КОРИСТИ ЗА ПОЛЕВАЊЕ, ВЕЛАТ ОД ВОДОСТОПАНСТВО „ЛИСИЧЕ“Прашањето се актуелизираше на седница на Советот на Општина Велес, кога се постави и прашањето дали се почитува забраната за капење, полевање и наводнување од водите на Езеро Младост. (Фото: СДК.МК)

    Водата од Езерото Младост не се црпи за наводнување и полевање на околните земјоделски површини, велат од Јавното водоводно претпријатие ЈВП „Лисиче“, кое стопанисува со водата. Тие ги демантираат информациите дека намаленото ниво на водата е поради што се црпи и користи за полевање. Додаваат дека причината е испарувањето на водата.

    „Не е точно дека водата се користи за наводување. Водата испарува. Со корисниците кои ја користат водата во договорот има ограничување кога таа не може да се користи за наводнување. Има две ограничување на водата од акумулацијата, кога не се дозволува да се користи. Тоа е според Законот за води, не смее вода од трета и повисока категорија загаденост да се користи за полевања и кога кота е 247, билошкиот минумум е 244, и сегашната кота е блиску до неа. На нашите увиди кои се ненајавени, покажуваат дека пумпите не работат, не сме забележале дека се користат“, кажа Антоанета Стојанова од ЈВП  „Лисиче“.

    Таа е дел од Комисијата за следење на состојбата со водата од Езеро Младост.

    Прашањето се актуелизираше на седница на Советот на Општина Велес, кога се постави и прашањето дали се почитува забраната за капење, полевање и наводнување од водите на Езерото Младост, издадена од Државниот санитарен и здравствен инспекторат уште од лани летото. За тоа се поставени и повеќе табли со предупредување, на брегот на езерото.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира