ЗАГИНА РАБОТНИК ВО СУВОДОЛ ПРИ РЕК ,,БИТОЛА” ОТКАКО ГО ЗАТРУПАЛА ЗЕМЈА

    ЗАГИНА РАБОТНИК ВО СУВОДОЛ ПРИ РЕК ,,БИТОЛА” ОТКАКО ГО ЗАТРУПАЛА ЗЕМЈАЗагинатиот работник бил ангажиран преку надворешна фирма во РЕК „Битола“ како управувач со булдожер (Фото: СДК.МК)

    Синоќа во рудникот Суводол во РЕК „Битола“, при работа со градежна машина, животот го загуби 38-годишен работник. Покојниот Т. К. бил работно ангажиран преку надворешна фирма во РЕК „Битола“ како управувач со булдожер и изведувал задача на поместување јаловински маси.

    Од Комбинатот соопштија дека во моментот на несреќата, од сè уште неутврдени причини, дошло до одронување на земја кога работникот го напуштил булдожерот, која го затрупала.

    Стручните служби на РЕК „Битола“ и надлежните органи извршија увид на местото на несреќата, а согласно процедурите за расчистување на околностите под кои се случил трагичниот настан, земени се изјави од колегите и претпоставените на починатиот. Од РЕК соопштија дека јавноста ќе биде известена за наодите на надлежните органи по завршувањето на законски предвидените постапки.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира