ЗАГЛАВЕНИ ВОЗИЛА И КОЛОНИ НА ПАТОТ ЗА ПЕЛИСТЕР

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗАГЛАВЕНИ ВОЗИЛА И КОЛОНИ НА ПАТОТ ЗА ПЕЛИСТЕР

    Камионот кој утрово требаше да го исчисти патот за Пелистер, имал проблеми да се искачи по планинските угорнини завеани во снег и мраз. Поради ова, расчистувањето одеше бавно, а патот беше блокиран. Поголем број на битолчани кои утрово се упатија кон ски центрот „Копаnки“ не можеа да се искачат до горе, па со своите возила подолго време останаа заглавени со колоната.

    „Нагоре не можеше да се оди оти беше камионот на ‘Македонија пат’, а назад поради мразот беше ризично да се вози на рикверц и се направи долга колона. Од Битола тргнавме во 8,30 часот, а горе се качивме во 10,30“, велат очевидци за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Поради долгоочекуваниот снег, голем е бројот на битолчани кои утрово се упатија на скијање на Пелистер. Ски патеката кај Копанки е подготвена, а дел од поупорните скијачи во центраот пристигнаа со џипови и веќе скијаат.

    Одржувањето на патот за Пелистер е на „Македонија пат“. Директорт на битолската подружница Веселинчо Спасевски потврди дека камионот имал проблеми со искачувањето поради мразот на патот, но успеал да го исчисти патот и сега е прооден.

    „Приоритет во чистењето ни беа патиштата А2, А3, патот за грчка граница, за РЕК,  а утрово испративме возило и за Пелистер. Сега патот и таму е прооден, а возилото е упатено да го исчисти пристапот кон ски центарот во Ниже Поле“, рече Спасевски.

    Тој предупредува внимателно да се вози поради снегот и мразот, посебно на превоите и планинските патишта.

    Ж.ЗДРАВКОВСКА 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира