ЗАКОН ЗА РЕГИОНАЛЕН РАМНОМЕРЕН РАЗВОЈ ПОСТОИ 10 ГОДИНИ, А ИМА ГОЛЕМИ РАЗЛИКИ ВО РАЗВИЕНОСТА НА РЕГИОНИТЕ, ВЕЛИ ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ПАВЛЕСКИ

    ЗАКОН ЗА РЕГИОНАЛЕН РАМНОМЕРЕН РАЗВОЈ ПОСТОИ 10 ГОДИНИ, А ИМА ГОЛЕМИ РАЗЛИКИ ВО РАЗВИЕНОСТА НА РЕГИОНИТЕ, ВЕЛИ ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ПАВЛЕСКИНајнеразвиен е Североисточниот регион, а најразвиен е Скопскиот, рече заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески на конференција во Битола (Фото: СДК.МК)

    И покрај тоа што десет години постои Закон за регионален рамномерен развој, ситуацијата не е најдобра и останува уште многу да се работи, рече заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески на Меѓународната конференција за одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој во Битола.

    „Степенот на развиеност се разликува од еден до друг плански регион. Најнеразвиен е Североисточниот регион, а најразвиен е Скопскиот. Пелагонискиот регион е на четврто место. Ќе се направи оценка на досегашното спроведување на стратегијата и законот. Претходно се издвојувале помалку средства и главните капитални инвестиции биле сконцентрирани во главниот град или во неколку центри во државата. Тоа е главниот проблем. Токму затоа, преку стратегијата која треба да се донесе во следните 10 години треба да се даде патоказ што треба да направиме за тие разлики да се намалуваат“, рече Павлески.

    Тој посочи дека во изминатите десетина години биле планирани 30 милиони евра за оваа намена, а биле реализирани само половина. За разлика од претходно, во изминатите две години биле планирани и реализирани 12 милиони евра. Буџетот за регионален рамномерен развој за оваа година е седум милиони евра и е двојно зголемен во однос на она што било во 2017.

    „Од буџетот на државата за капитални инвестиции имаме на располагање околу 400 милиони евра и желбата на Владата е голем дел од тие средства да бидат наменети за рамномерен регионален развој“, додаде Павлески.

    Гого Видимче, директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, рече дека ќе биде изработена програма за негов развој за периодот од 2020 до 2024 година.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира