На граничниот премин Јажинце, при контрола на возилата што влегуваат во државата запленети се над 3.000 петарди и други пиротехнички средства. Тетовецот кој сакал нелегално да ги внесе во Македонија до врв го наполнил багажникот на колата, мислејќи дека нема да биде забележан од полицијата.
„Вчера околу 16.40 часот, полициски службеници од ПС за ГН при Граничниот премин Јажинце, на овој граничен премин, при влез во РСМ спречија шверц на пратка со пиротехнички средства (огномети, петарди, ракети и слично). При проверка на патничко моторно возило ‘тигуан’ со тетовски регистарски таблички, управувано од З. С. од Тетово, во багажниот простор биле пронајдени повеќе пакети во кои имало 3.312 парчиња пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.
З. АНДОНОВ