ЗАПОЧНА НОВОГОДИШНОТО УКРАСУВАЊЕ НА ОХРИД

    ЗАПОЧНА НОВОГОДИШНОТО УКРАСУВАЊЕ НА ОХРИДОхрид за новогодишната програма и за украсувањето ќе потроши околу 12 000 евра. (Фото: СДК.МК)

    Започна новогодишното украсување на Охрид кој и покрај енергетската и економска криза во државата, ќе блесне за новогодишните празници. На Градскиот плоштад се поставуваат украсни реквизити, светилки и новогодишната елка. Како што кажа градоначалникот Кирил Пецаков, градот ќе ги пречека гостите и со дводневна забава, а деталите за програмата дополнително ќе бидат соопштени.

    Општината годинава за организацијата на новогодишната програма и за украсувањето ќе потроши околу 12 000 евра.

    „Целокупната организација нема да чини повеќе од лани, околу 12.000 евра. Забава ќе има на 31 декември и на 1 јануари“, вели охридскиот градоначалник.

    Пецаков смета дека гостите кои се најавени да дојдат во Охрид не заслужуваат да бидат пречекани во мрак.
    „За бројните туристи кои се очекува новогодишната ноќ да ја дочекаат во Охрид ќе има и организиран дочек на градскиот плоштад. Охрид е туристичко место, туристички град и нема да трпи воопшто ниту на украсувањето, а секако ниту на новогодишната забава за охриѓани и туристите да уживаат“, вели Пецаков.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира