ТРИ НЕДЕЛИ ПО ОДРОНОТ, ПОЧНА ОТСТРАНУВАЊЕТО НА КАРПИТЕ КАЈ ВЕЛЕС

    ТРИ НЕДЕЛИ ПО ОДРОНОТ, ПОЧНА ОТСТРАНУВАЊЕТО НА КАРПИТЕ КАЈ ВЕЛЕСКарпите се дробат, оти Македонски железници не дало согласност за минирање од страв од нов одрон

    Вработените од ГП „Гранит“ од Скопје два дена работат на отстранувањето на големиот одрон, кој го блокираше регионалниот пат Велес-Градско.

    Се кршат карпите кои го стопираа патниот сообраќај три седмици. Карпите се дробат, оти Македонски железници не дало согласност за минирање.

    „Градежна машина, багер со хидрауличен чекан, работи на дробење на карпата на коловозот, а стручни лица од фирмата работат на отстранување на нестабилните делови на карпата над коловозот. Здробените карпи ќе ги остранува и транспортира ЈП ‘Македонија пат‘“, информираа од Општина Велес.

    Лицата кои се таму ангажирани не сакаат да лицитираат до кога ќе се работи, но веруваат дека до крајот на седмицава, до Велигден, ќе го остранат одронот. Најголемата карпа се проценува дека тежи 25 тони. Минирање не се изврши, оти Македонски железници не дала дозвола. Железничарите стравуваат дека од минирањето ќе се случи нов одрон, камењата од Цуцка повторно ќе паднат на пругата и пак ќе има застој.

    Одронот се случи на 13 март, близу мостот на реката Тополка, на излезот од Велес. Толку време и патот е затворен за сообраќај.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира