ЗАПОЧНА ПРОБИВАЊЕТО НА БУЛЕВАРОТ БЛАГОЈА ТОСКА ВО ТЕТОВО

    ЗАПОЧНА ПРОБИВАЊЕТО НА БУЛЕВАРОТ БЛАГОЈА ТОСКА ВО ТЕТОВООвој булевар треба да го олесни пристапот до центарот на градот (Фото: СДК.МК)

    По повеќе најави, конечно започна пробивањето на булеварот Благоја Тоска во Тетово. Тој треба да го растовари сообраќајот на Индустриска улица и така полесно да се пристапува до центарот на градот. Денеска градоначалникот Билал Касами го означи почетокот на доизградбата на овој дел од булеварот.

    Почнавме со градежните работи од другата страна, а не од таа каде што се почнати работите, бидејќи има некои објекти кои треба да се рушат. Очекуваме до есен сите работи да бидат завршени и конечно овој булевар да биде отворен“, изјави Касами.

    Досега овој булевар не беше пробиен бидејќи тешко се расчистуваа имотно-правните односи со сопствениците на станбените објекти кои требаа да се урнат. Во меѓувреме, постигнати се договори, освен за една куќа, чиј сопственик не се согласува со понудените средства за експропријација.

    Во завршна фаза е изборот на компанија која ќе го изврши рушењето. Со сите граѓани на кои им е одземено земјиште, објект или куќа е договорена експропријација, но има едно семејство кое не ја прифаќа процената за земјиштето и објектот. За овој случај имаме правосилно судско решение, а ако сопственикот не го прифати, тогаш со дополнителни судски процедури ќе треба да се отвори сметка во банка, на која Општината ќе ги депонира средствата, а сопственикот има време од 10 години тие пари да ги подигне. Ако не го направи тоа, тие ќе се вратат во општинската каса“, појасни Касами.

    Минатата година, со средства добиени од ТАВ, тогашната градоначалничка Теута Арифи асфалтираше педесетина метри од булеварот и тука работите запреа.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира