Со приложување на писмените искази на сведоците на Обвинителството и на одбраната, кои беа дадени при првото судење за модуларната болница во Тетово, заврши доказната постапка против обвинетите Флорин Бесими и Артан Етеми и ЈЗУ Клиничка болница Тетово, како правно лице. Тие се обвинети за кривичното дело „тешки дека против општата сигурност“, а во врска со пожарот кој изби во модуларната болница во Тетово на 8 септември 2021 при што животот га загубија 14 лица.
Судијата Реџеп Муса со приложувањето на исказите на сведоците, констатираше дека доказната постапка е завршена и побара на следното рочиште, Обвинителството и одбраната да ги дадат завршните зборови.
Бранителот на обвинетиот Бесими побара одбраната да добие препис од електронските докази, но ова барање судијата Муса го одби со образложение дека тие докази веќе биле репродуцирани и додаде дека вакво дополнително барање на одбраната може да води кон одолговлекување на судскиот процес.
По ова адвокатите на обвинетите побара дополнително време за да може да се подготват за завршните зборови. Ова барање беше поддржано и од Обвинителството, па судијата Реџеп Муса првично закажаното рочиште за 28 април, го одложи за 12 мај 2025 година кога ќе бидат дадени завршните зборови и на Обвинителството и на одбраната.
З. АНДОНОВ