ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО ШТИП ОСЛОБОДЕНО ОД ОБВИНЕНИЕТО ЗА БЕСПРАВНО ГРАДЕЊЕ, ЗАЕДНО СО ВЛАДАТА ЌЕ ГО ДОВРШИ ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА

    ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО ШТИП ОСЛОБОДЕНО ОД ОБВИНЕНИЕТО ЗА БЕСПРАВНО ГРАДЕЊЕ, ЗАЕДНО СО ВЛАДАТА ЌЕ ГО ДОВРШИ ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦАИзградбата на објектот беше стопирана три години од страна на судот (Фото: СДК.МК)

    По три години судска блокада, Здружението на пензионерите во Штип конечно може да ја продолжи изградбата на новата зграда на Домот за стари лица. Зградата е на четири ката и ќе може да згрижи 100 стари и изнемоштени лица, кои ќе имаат посебни соби за престој, ресторан и простории за дневни активности.

    Обвинителството во текот на судската постапка се откажало од обвинението, па Основниот суд во Штип ја заврши постапката и донесе пресуда дека кај обвинетите, Здружението на пензионерите од Штип и изведувачот „Евро градба“ од село Владевци, Општина Василево, не постоела умисла за бесправна градба и сите градежни активности биле во рамките на основниот проект и детаљните урбанистички планови.

    „Планираме да ја завршиме изградбата на Домот за стари лица и наскоро да го дадеме во употреба. Сите активности ги водиме заедно со Општината и со Владата преку Министерството за транспорт и врски, затоа што целиот проект сега е во нивни раце, од доделувањето на сите потребни урбанистички и градежни дозволи до заокружувањето на финансиската конструкција и опремувањето на домот“, вели претседателот на Здружението на пензионерите, Ристе Нетков.

    Домот почна да се гради пред четири години на местото на некогашниот ресторан на АРМ пред касарната во Штип. Претходно, Владата овој стар објект го даде на Општина Штип, па таа му го предаде на Здружението на пензионерите токму за изградба на дом за стари лица, за што имало на располагање 500.000 евра.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира