ЗЕЛЕНИОТ АКЦИСКИ ПЛАН ЗА ГРАД СКОПЈЕ СЕ НОСИ НЕТРАНСПАРЕНТНО, ВЕЛАТ ОД „ЕКО-СВЕСТ“

    ЗЕЛЕНИОТ АКЦИСКИ ПЛАН ЗА ГРАД СКОПЈЕ СЕ НОСИ НЕТРАНСПАРЕНТНО, ВЕЛАТ ОД „ЕКО-СВЕСТ“Според здружението, со планот во наредните петнаесет до дваесет години ќе се решаваат еколошките проблеми на градот, и тој не треба да се носи без жителите на чии животи најмногу ќе влијае. - Поглед на Скопје од Водно (Фото: СДК.МК)

    Невладината организација „Еко-Свест“ реагира дека Град Скопје зелениот акциски план за градот го носи нетранспарентно, односно без учество на граѓанските организации за заштита на животната средина. Здружението објави дека иако повеќе граѓански организации побарале да учествуваат, не биле поканети на ниту една од работилниците за планот.

    „Годинава Град Скопје е еден од 29 градови во светот, кој доби поддршка од Европската банка за обнова и развој да изработи Зелен акциски план, за решавање на најитните еколошки проблеми. Носење план за квалитетот на животот на жителите на главниот град на нетранспарентен начин, може повторно да значи, погрешно потрошени пари, без никакво подобрување“, објави „Еко-свест“.

    Од „Еко-свест“ велат дека во април годинава испратиле барање за учество со список на граѓански организации, кои може да придонесат во изработка на планот.

    Според здружението, со планот во наредните петнаесет до дваесет години ќе се решаваат еколошките проблеми на градот, и тој не треба да се носи без жителите на чии животи најмногу ќе влијае.

    „Скопје е со високо аерозагадување поради лошите и нетранспарентни политики на властите, несоодветниот и неплански урбанизам, во последните петнаесет години“, велат од „Еко-Свест“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира