ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ БАРАТ ПОМОШ ОД ДРЖАВАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИПАРД ПАРИТЕ ОД ЕУ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ БАРАТ ПОМОШ ОД ДРЖАВАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИПАРД ПАРИТЕ ОД ЕУ

    Државата мора да помогне во исполнувањето на критериумите за искористување на парите од ИПАРД програмата на ЕУ, наменети за модернизација на македонското земјоделство,е пораката на Даниел Паланков од струмичко Муртино, на презентацијата на оваа програма до 2020 година тешка 60 милиони евра. Според него, огромната административна процедура што ја бара Агенцијата за финасиска поддршка, ги тера земјоделците да се откажат европските пари за инвестирање.

    Паланков аплицирал за изградба на автоматизирана оранжерија за производство на зеленчук во износ од 120 илјади евра. Потпишал договор за овој проект, но откако се соочил со нелогичните барања на Агенцијата за финансиска поддршка во самата постапка, отишол во Скопје и се откажал од овие пари.

    „Се откажав откако видов дека на други апликанти им ги враќаа проектите поради сертификатите за полиетиленското платно, па дали имаш било каква поврзаност со фирмата од која набавуваш. Луѓе се разболеа од целата постапка. Кога видов што се случува, што сѐ бараат, отидов и го раскинав договорот со кој требаше да ми се исплати половина од инвестицијата доколку ја изградам оранжеријата. А обезбедувањето финансиски средства за таа намена од комерцијалните банки е друга приказна“, вели Даниел Паланков.

    Од Министерството за земјоделство истакнаа дека само 30 насто од парите од ИПАРД 1 програмата на ЕУ се искористени во земјава. Станува збор за околу 20 милиони евра. Останатите 40 милиони од оваа транша Европа ги повлече. Како што истакна Виктор Младеновски, последниве години значително е зголемен интересот за европските пари за модернизација на земјоделството.

    „За следниот повик што ќе биде објавен на почетокот од идната година, имаме олеснувања во самата постапка на аплицирање но и нови можности за инвестиции. Паралелно соодоносот на кофинансирање е зголемен, па од ИПАРД 2, на земјоделците ќе им се враќа 60 до 70 отсто од инвестираните пари, во зависност каква категорија земјоделци и во кои средини ќе инвестираат“, вели Младеновски од Министерството за земјоделство

    Земјоделците и здруженијата сметат дека државните институции треба да бидат поагилни и да се стават во функција на земјоделците за искористување на европските пари, односно постојано да помагаат во целата постапка, а банките да го олеснат кредитирањето за инвестиции во земјдоелството.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира