Скопската Противпожарна бригада вечерва гасеше пожар во стан во нова зграда на улица Методиј Шаторов-Шарло во Аеродром, во кој загина неподвижна жена болна од рак.
Пожарот е изгаснат, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК командантот на Пожарната Владимир Симоновски и ја потврди жртвата. Тој вели и дека жената, која за утре имала закажано операција, не можела да побегне, се задушила од отровните гасови. Живеела сама во станот.
Во моментов, екипа на Министерството за внатрешни работи (МВР) и Јавен обвинител вршат увид во опожарениот стан кај починатата.
С. К. ДЕЛЕВСКА