Жени од околните земји се најбројни за празникот 8 Март во Охрид. Низ центарот најмногу се слуша српски јазик, но има и туристки од Бугарија и Грција.
„Уплативме тура од Белград за 140 евра со две ноќевања, појадок, вечера и вклучена свечена вечера со музика во ресторан. Сместени сме во хотел со три ѕвезди и задоволни сме од собите”, вели една туристка од Србија.
Најевтин аранжман од Белград со автобуски превоз и приватно сместување чини 80 евра. Агенциите организираат и факултативна посета на Свети Наум со брод за 10 до 15 евра и посета на Струга и Вевчани за 15 евра. Во турите е вклучена и попатна посета на Скопје.
Вечерва во повеќето ресторани во Охрид се организира прослава на 8 Март со музика во живо.
М. ЏАРОВСКА