ЖИТЕЛИ НА ХРОМ САМИТЕ ГО ЧИСТАТ КЕЈОТ НА ВАРДАР, СОБИРААТ ГРАНКИ И КОСАТ ТРЕВА

    ЖИТЕЛИ НА ХРОМ САМИТЕ ГО ЧИСТАТ КЕЈОТ НА ВАРДАР, СОБИРААТ ГРАНКИ И КОСАТ ТРЕВАЗемјениот пат на Вардар во Хром кој води кон Нерези. (Фото: СДК.МК)

    Жителите на скопската населба Хром самите го чистат кејот на Вардар, земјениот пат кој води кон Нерези. Повозрасна двојка вели дека патеката за шетање досега била многу тесна, обрасната со гранки и полна со ѓубре, па тие волонтерски решиле да ја средат и сега е подостапна за пешачење.

    Оваа патека, иако е земјена, беше убава за прошетки кога бевме помлади, па зошто и сега да не им биде достапна на луѓето, велат сопружниците од Хром. (Фото: СДК.МК)

    „Со помош на наши пријатели ги корневме сувите гранки, ја искосивме сувата трева и го чистиме ѓубрето. Оваа патека, иако е земјена, беше убава за прошетки кога бевме помлади, па зошто и сега да не им биде достапна на луѓето? Побаравме помош од Општината, но додека го чекавме нивниот одговор решивме ние да преземеме“, ни рекоа сопружниците од Хром, кои не сакаа да се претстават.

    Велат дека акцијата за чистење ја започнале пред неколку месеци и сега се речиси при крајот.

    М. ЏАРОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира