ЖИТЕЛИ ОД НАСЕЛБАТА НЕДОПИРЛИВИ ВО БИТОЛА РЕАГИРААТ ДЕКА СЕ ИСЕЧЕНИ БОРОВИ, ОПШТИНАТА ТВРДИ ДЕКА САМО СЕ КАСТРЕНИ

    ЖИТЕЛИ ОД НАСЕЛБАТА НЕДОПИРЛИВИ ВО БИТОЛА РЕАГИРААТ ДЕКА СЕ ИСЕЧЕНИ БОРОВИ, ОПШТИНАТА ТВРДИ ДЕКА САМО СЕ КАСТРЕНИВо населбата се реконструира уличната мрежа, а исечени се долгогодишни борови високи по неколку метри. (Фото: СДК.МК)

    Жители од населбата Недопирливи во Битола се пожалија дека при реконструкција на улица во оваа градската населба се исечени долгогодишни борови високи по неколку метри. Од Општина Битола велат дека не станува збор за сечење дрвја, туку за кастрење со дозвола издадена од Општинскиот инспекторат.

    Во населбата се реконструира уличната мрежа, инвеститор е Министерството за транспорт и врски, проектната документација е на Општина Битола, а средства се обезбедени преку Светска банка.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира