ЖИТЕЛИТЕ НА СЛУПЧАНЕ НЕ ИМ ДОЗВОЛУВААТ НА ЕКИПИТЕ НА ЕВН ДА ВЛЕЗАТ ВО СЕЛОТО, ВЕЛАТ ДЕКА ЌЕ ГО ПЛАТАТ ДОЛГОТ АКО ИМ ГИ ОТПИШАТ КАМАТИТЕ

    ЖИТЕЛИТЕ НА СЛУПЧАНЕ НЕ ИМ ДОЗВОЛУВААТ НА ЕКИПИТЕ НА ЕВН ДА ВЛЕЗАТ ВО СЕЛОТО, ВЕЛАТ ДЕКА ЌЕ ГО ПЛАТАТ ДОЛГОТ АКО ИМ ГИ ОТПИШАТ КАМАТИТЕГодишно во Слупчане се краде 80 отсто од потрошената струја, а само третина од 20 отсто од фактурираната електрична енергија се наплаќа. - Од вчерашниот протест во селото (Фото: ТВ Њуз/принтскрин)

    Жителите на кумановско Слупчане веќе со денови ги блокираат влезовите на селото и не им дозволуваат на екипите на ЕВН да работат на реконструкција и модернизација на дистрибутивната мрежа. Процентот на наплата на потрошената електрична енергија во селото е многу мал, а и масовно се краде струја. Годишно, 80 отсто од потрошената струја се краде, а само третина од 20 отсто од фактурираната електрична енергија се наплаќа.

    Претседателот на месната заедница Селадин Шаини во изјава за „ТВ Њуз“ вели дека жителите на Слупчане се подготвени да го платат долгот кон ЕВН, но не сакаат да плаќаат камата на камата. Тој вели дека досегашните ветувања дадени кон селаните не биле исполнети, што било дополнителна причина за револт.

    Слупчанци на протестот бараат однапред да се направат инвестиции на мрежата, да се намали цената на струјомерите и да им се прости долгот на социјално загрозените семејства.

    Тие велат дека блокадите ќе продолжат и во наредните денови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира