ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ ОД ЈУНИ И ЗАД ТЦ „ТРИ БИСЕРИ“ ВО АЕРОДРОМ

    ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ ОД ЈУНИ И ЗАД ТЦ „ТРИ БИСЕРИ“ ВО АЕРОДРОМЗа станарите паркирањето ќе биде бесплатно, а за останатите граѓани ќе се наплатува 25 денари од час.(Фото: СДК.МК)

    Од први јуни зонско паркирање ќе биде воведено зад ТЦ „Три Бисери“ во општина Аеродром. Од ЈП „Градски паркинг“ велат дека наплата на овој дел воведуваат по барање на жителите на околните згради.

    За станарите паркирањето ќе биде бесплатно, а за останатите граѓани ќе се наплатува 25 денари од час.

    „Во моментов се поставуваат информативни табли и се бележат паркинг местата. Ќе има околу 750 места за паркирање. Наплата за граѓаните кои не се станари ќе се врши од 7 до 23 часот, а во сабота до 14 часот. Првите два месеци ќе дадеме време за привикнување и од август ќе почнеме со казнување“, вели директорот на ЈП „Градски паркинг“ Борче Јакимовски.

    Жителите од новата зона Д2 за да добијат налепница за бесплатно паркирање треба да аплицираат во кол-центарот на претпријатието што се наоѓа зад ТЦ „Бисер“. Обрасците за пријавување и другите потребни документи и детали се објавени на интернет-страницата на ЈП „Градски паркинг“.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира